Актуелно 23.01.2019 01:02

Државата ќе плати 250 илјади евра за 1 година за да профункционира законот за јазици

Државата ќе плати 250 илјади евра за 1 година за да профункционира законот за јазици

Државата предвидува да потроши скоро 250 илјади евра за спроведување на законот за двојазичност кој пред недела дена беше објавен во Службен весник на Република Македонија само со потпис на претседателот на Собранието Талат Џафери, со кој се официјализира албанскиот јазик на целата територија на државата  а со тоа станува и втор официјален јазик после македонскиот јазик.

Во емисијата Топ Тема на Ваша страна заменик претседателот за Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, истакна дека за оваа година предвидени се вкупно 15 милиони денари за воведување на Законот за јазици. Од кои 8 милиони денари за Агенцијата, додека за инспекторатот за употреба на албанскиот јазик 7 милиони денари, нагласувајќи дека наредната година можно е овие средства да се зголемат.

За агенцијата за јазици има предвидено 8 милиони денари за оваа година, толку колку што имавме можност, има и 7 милиони денари за Инспекторатот за да може да профункционираат. За идната фискална година ќе видиме дали ќе останат од претходната или ќе треба да се зголемат, вели Османи.