Во првото тримесечје од 2018 година, во однос на истото тримесечје од 2017 година, во патниот патнички превоз, бројот на превезените патници е зголемен за 21.7 %, во градско-приградскиот превоз е намален за 3.3 %, во воздухопловниот превоз е зголемен за 21.3 %, додека бројот на превезените патници во железничкиот превоз е зголемен за 29.4 %.
Oва го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во однос на четвртото тримесечје од 2017 година, бројот на превезените патници во патниот патнички превоз е зголемен за 11.0 %, во градско-приградскиот превоз е намален за 5.9 %, во железничкиот превоз за 7.0 %, додека во воздухопловниот превоз намалувањето изнесува 6.7 %.
Во првото тримесечје од 2018 година, во споредба со првото тримесечје од 2017 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 20.0 %, во железничкиот превоз за 40.6 %, додека во воздухопловниот превоз зголемувањето изнесува 10.3 %.
Во однос на четвртото тримесечје од 2017 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 31.6 %, во железничкиот превоз е намалено за 1.4 %, додека во воздухопловниот превоз намалувањето изнесува 15.5 %.