Земјотрес со интензитет од 5,3 степени според Рихтеровата скала попладнево го погоди реонот на грчкиот остров Родос, што се наоѓа во југоисточниот дел наЕгејското Море.
Атинскиот институт за геодинамика соопшти дека земјотресот се случил на околу 10 километри под морското дно, со епицентар на 60-тина километри јужно одРодос.
Засега нема информации за евентуални жртви и предизвикани материјални штети,
Во истиот регион земјотрес со нешто послаб интензитет беше регистриран и вовторникот.