Актуелно 26.01.2019 17:08

„Да ја спасиме Попова Шапка“: Бараме од ЕЛЕМ да се повлече од менаџирањето на Попова Шапка

„Да ја спасиме Попова Шапка“: Бараме од ЕЛЕМ да се повлече од менаџирањето на Попова Шапка

Граѓанска иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка“ на денешниот протест побара ЕЛЕМ да се откаже менаџирањето на Попова Шапка, затоа што според нив, повлекувањето на ЕЛЕМ е единствениот спас за Попова Шапка, пренесува Порталб.мк.

„25 милиони евра од данокот на граѓаните завршија во бездна поради лошото менаџирање на ЕЛЕМ со туристичкото место Попова Шапка, исто така, повеќе од 25 милиони евра граѓаните изгубија од нефункционирањето на туристичкиот центар Попова Шапка, гласот на граѓаните денеска реагира и и вели на Владата доста е, санкционирајте ги тие што предизвикаа загуба, кажете му на ЕЛЕМ доста е со Попова Шапка. Повлекувањето на ЕЛЕМ е единствениот спас за Попова Шапка. Владата изјави дека ЕЛЕМ не може да управува повеќе со туристичкиот центар Попова Шапка, лошото менаџирање го избриша овој центар од светските туристички листи и бараме Владата конечно да каже доста е на оваа модерна кражба”, вели Хамди Сулејман од „Да ја спасиме Попова Шапка“.