Прогнозите за иднината се дека многу работни места ќе бидат превземени од роботи. Додека автоматизизацијата и вештачката интелегенција продолжуваат да земаат голем замав има некои професии што технологијата не би можела да ги замени.
Извршен директор
Роботите не би можеле да играат улога на извршните директори и да бидат одговорни за цели компании. Дури и технички да успеат малку е веројатно да ја заменат интуицијата, креативноста и квалитетите за водство што еден лидер мора да ги има.
ИТ менаџери и системски администратори
Додека технологијата ќе продолжи да биде поавтоматизирана и лесна за користење, секогаш ќе има потреба од “преведувачи’’ или луѓе кои делуваат како врска помеѓу технологијата на бизнисот и луѓето во него.
Менаџери за производство
Дури и во произведувачката индустрија каде многу работни места се изгубени со автоматизацијата, сепак се уште се потребни менаџери и надгледувачи да се грижат за непречено одвивање на производството.
Графички дизајнери
Компјутерите не можат да ја рекреираат креативноста и имагинацијата што се користат да се создаде естетски задоволителна дизајнерска работа.
Здравствени работници
Овие работни места бараат огромна меѓучовечка комуникација и интеракција и нема да бидат превземени од машините во догледна иднина.
Наставници
Додека дигиталните платформи за учење добиваат на користење и важност, комплексните меѓучовечки интеракции како предавање на материјалот на учениците и студентите не можат да се заменат или реплицираат со машини.
Писатели
Пишувањето особено фикцијата бара емоција и креативност, а тоа е речиси невозможно да се замени со вештачка интелигенција.
Маркетинг професионалци
Машините не можат да размислуваат критично или да носат креативни решенија на комплексни и повеќеслојни маркетинг стратегии.
Човечки Ресурси
Професионалците од областа човечки ресурси како и многу други професии од оваа листа, малку е веројатно да бидат заменети со роботи, од причина што човечката интеракција е клучна за нивната улога.
Правници
Правниците исто така спаѓаат во професиите “имуни“ на роботи. Правните процедури се пресложени за да се завршат со софтверски програми.