Седуммина осомничени се уапсени за нападот над двајца полицајци во скопската населба Шуро Оризари од толпа жители во доцните вечерни часови во понеделникот, откри министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Се очекува во текот на денот полицијата да ја продолжи истрагата за да ги обезбеди другите осомничени за овој случај.
Двајца од тројцата претепани биле полицајци од полициската станица Чаир облечени во цивил. Едниот од нив е во сериозна здравствена состојба.
Локалните жители помислиле дека сакаат да киднапираат деца па ги претепале