Мозаик 01.02.2019 01:34

Брегзит ги зголеми залихите на сладолед

Брегзит ги зголеми залихите на сладолед

Британско-холандскиот производител на стоки за широка потрошувачка Унилевер соопшти дека натрупува залихи од сладолед Магнум и Бен енд Џери пред најавеното нашуштање на Велика Британија на Европската унија.

Извршниот директор Алан Џоуп изјави дека компанијата има големи залихи сладолед во случај на прекин на испраќање стоки од доставувачи. Фабриката на Унилевер во Лидс ја снабдува цела Европа со сладоледи.

– Изградивме инвентар од двете страни на Ламанш, изјави Жопе.

Бројни европски компании исто така натрупуваат залихи на своја стока пред брегзит меѓу кои и производителот на авто делови Robert Bosch, францускиот моден бренд Moët Hennessy – Louis Vuitton и швајцарскиот производител на лекови Новартис.