Поминаа скоро три недели откако првата дама на САД, Меланија Трамп, не се појавила во јавност, забележа Си-ен-ен. Сега таа се обиде да ги заузда шпекулациите за нејзиното здравје.
На твитер таа објави дека се чувствува олдично и дека е во Белата куќа каде работи напорно за децата и американските семејства.
– Гледам дека медиумите работат прекувремено шпекулирајќи каде сум и што правам. Тука сум, во Белата куќа, со моето семејство, се чувствувам добро и работам напорно за доброто на децата и американскиот народ – се наведува во твитот на официјалниот профил на првата дама.
Сепак, таа повторно не излезе во јавност, оставајќи ги скептиците и понатаму да се прашуваат дали е се во ред со нејзиното здравје и дали постои некој проблем. Отсуството на Меланија од јавноста предизвика шпекулации и дека таа можеби се отселила во Њујорк.
Меланија Трамп последен пат во јавност се појавила на 10 мај, кога им посакала добредојде на тројцата американски заложници во Северна Кореја, а неколку дена потоа била примена во болница, каде, според официјалните информации, имала операција на бенигна бубрежна состојба.