Доколку Заев навистина сака да го слушне гласот на народот, нека не бега од граѓаните и нека распише избори за да види што мислат тие за неговото двогодишно владеење, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Македонската јавност веќе неколку недели е во исчекување СДСМ да го каже својот став во однос на предвремени парламентарни избори. Јавноста веќе подолг период очекува Зоран Заев да се охрабри и да донесе конечно одлука дали е спремен да оди на избори и да се соочи со гневот на граѓаните, гнев насобран за овие две и половина години владеење на СДСМ. За две ипол години одродената и криминална власт предводена од аболицираниот Заев на македонската држава и сервираше порази на секое поле, го понижи и деградираше македонскиот народ. Власта се откажа од се што е македонско, од македонскиот јазик, култура, идентитет, име, историја, но и иднина. Преку секојдневното задолжување, ја доведе државата пред банкот, а ги задолжи граѓаните за милиони евра кои треба тие и нивните идни поколенија да ги враќаат. Стандардот на граѓаните е во слободен пад, граѓаните се доведени на работ на егзистенција, повеќе од 400 илјади граѓани живеат со еден оброк на ден. Им го ускратија покачувањето на пензиите на пезнионерите, пазарџиите ги оставија без нивното парче леб, а над 80 проценти од младите без размислување би ја напуштиле Македонија, ги зголеми давачките кон државата за сите, се наведува во партиското соопштение.
Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека СДСМ го подели општеството како никогаш досега, по етничка, партиска и каква си уште не линија.
-Со Законот за двојазичност, се обиде непринципиелно да купи гласови, но не им успеа. Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Србите, Бошњаците буквално сите сега го бараат ветениот живот, ветената просечна плата од 500 евра, враќање на младите. Но од ветувањата на СДСМ нема ни трага ни глас. Токму поради ова нема ни трага ни глас од Заев, го нема никаде да го каже својот став во однос на предвремените избори, се плаши да се соочи со гневот на граѓаните, на македонскиот народ, со последиците од црнилата кои ги остави во Македонија, порачуваат од партијата.