Економија 04.06.2018 11:41

САД имаат најдобар резултат во последните 18 години

САД имаат најдобар резултат во последните 18 години

Стапката на невработеност во САД е најниска во последните 18 години и изнесува само 3,8 отсто, пишува Би Би Си. Во мај работа добиле 223 илјади лица, иако првите проценки биле дека работа ќе најдат 188 илјади лица.

Вака ниска стапка на невработеност во САД последен пат имало во април 2000 година. Од нововработените, најмногу се вработиле во градежништвото (25.000 во мај). Во производството работа нашле 18.000 лица.

По повод овие податоци, Трамп на Твитер напишал дека „незимерно се радува на резултатите“.

Најнови вести