Во еден момент од вашата кариера ќе го искусите тоа чувство. Дури и ако ја обожавате вашата работа ќе дојде време кога ќе почувствувате целосно заситување. Што значи тоа?
Тоа е исцрпеност на физичката и психичката сила или мотивација и обично е резултат на долготрајниот стрес и фрустрациите.
Постојат шест фактори кои водат кон исцрпеност на работа, а нив ги наведува Кристина Маслач, ко-автор на книгата „Banishing Burnout“. Ако некоја од следниве изјави ви звучи познато, повеќе од потребно е да ги наполните батериите.
– Често говорите „Работата е тешка и бара многу залагање, никогаш немам одмор“.
– Шефот постојано го истражува вашето мислење и вашите проценки.
– Се чувствувате како да сте искористени и финансиски и во секоја друга смисла и се жалите дека не уживате во работата.
– Се чувствувате изолирано од страна на колегите кавгаџии, навредените надредени или клиентите кои имаат премногу барања.
– Верувате дека главна улога во бизнисот има оној кој на некој му е драг.
– Мислите дека работата е бесмислена, неискрена и неетична.