Пратеникот Манојловски рече дека оваа влада нема донесено ниту една инвестиција, туку се рекламираа со инвестициите коишто ВМРО-ДПМНЕ ги донесе, и дека сите политики кои ВМРО-ДПМНЕ ги носеше за младите луѓе, сега СДСМ ги копира и кажува дека тоа се нивни.
Тој посочи дека оваа влада донела буџет кој не е во интерес на граѓаните на Република Македонија, туку е буџет кој одговара само на поединечни членови на СДСМ Поради ваквите лоши политики на СДСМ, пратеникот Манојловски побара СДСМ да ги распишат изборите, да го распуштат парламентот, па потоа да се слушне волјата на граѓаните.
-Сите ние знаеме како ги терате изборите, но да знаете волјата на граѓаните секогаш ќе победи, истакна Манојловски.