Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски нема слух за маките на струмичките земјоделци кои произведуваат зелка.
Иако пред извесен период синдикатот на струмичките земјоделци побара итна средба со министерот Николовски, тој се уште нема никаков одговор или решение за проблемите кои произлегоа од драстично паѓање на цената на зелките.
Имено откупната цена на пролетната зелка најпрвин падна на 20 денари, потоа на 12 денари, а сега се откупува за 8–10 денари од килограм, иако производителите побараа цената да изнесува 30 денари од килограм.
Министерот Николовски се уште нема остварено средба со синдикатот на земјоделците, а ваквите ниски цени на зелките ги принудија земјоделците да ги фрлаат неоткупените зелки поради тоа што веќе скапуваат во нивите.