Огинот кој се рагозрел во еден стан во Стоктон, град во Калифорнија, оштетил две згради во комплексот, а неколку станови биле потполно уништени. За да трагедијата, која можела да има многу поголеми размери, биде спречена се погрижила Саша, женка пит бул, домашен миленик на семејството Чаичанду.
Имено, сопственичката на кучето, Нану, нејзиното осуммесечно бебе ја разбудило околу 23. часот. Саша скокала по влезната врата, обидувајќи се да ја предупреди сопственичката и нејзината ќерка, на огинот кој се ширел со неверојатна брзина.
„Видов како во забите носи пелена. За тоа време пожарот веќе го уништи домот на нашите соседи, а Саша лаеше се’ посилно. Ниту на крај на памет не ми беше дека се обидува да не предупреди на пожарот“, раскажала Нану за Fox40.
Нана станала од креветот да провери што се случува. Дури тогаш видела дека гори кај соседите па панично тргнала кон спалната соба во која била нејзината ќерка стара само осум месеци. Кога влегла во собата имала што да види. Саша веќе го спасувало девојчето така што ја извлекувала од креветчето држејќи ја за пелената.
„Благодарение на Саша на време излеговме од станот и повикавме 911. Ги разбудивме и останатите луѓе кои во тој момент се наоѓаа во зградата. На Саша и го должам мојот живот и животот на моето дете. Таа е нашата хероина. Без неа веројатно не би се извлекле“, раскажала Нана.
Станот потполно изгорел. Пожарникарите пристигнале брзо и усепале во реалтивно кус рок да го изгаснат огинот, па пожарот не ја уништил цела зграда. Но, станот на Саша и нејзините сопственици во пожарот бил потполно уништен, заедно со работите кои ги поседувале
Додека се обидуваат да започнат живот од почеток Нана се надева дека гестот на нејзината миленичка Саша ќе го промени ставот кој луѓето го имаат кон пит буловите како домашни миленици.