Според веб-страницата за квалитет на воздухот „ЕрВижуал“ Скопје повторно се најде помеѓу најзагадените 10 градови во светот.
Овој пат Скопје го зазеде 5. место по загаденост во светот.
Инаку воздухот беше екстремно загаден и синоќа во неколку градови низ Македонија.
Мерните станици за квалитет на воздухот, во Струмица покажуваа ниво на загаденост дури 8 пати над дозволеното.
ПМ 10 честички беа 417 мг/м3, а максимално дозволената граница е 50 мг/м3.
Алармантна беше состојбата и во другите градови на Македонија. Екстремно загадување на воздухот е измерено и во Кавадарци каде беа измери 335 микрограми на метар кубен, Куманово 270, Битола 225, додека пак во скопските општини Карпош и Центар беа измерени 201 и 192 микрограми на метар кубен.