Никола Димитров, министер за надворешни работи денес гостуваше на утринска програма во Бугарија каде што ги образложуваше значењата на двата договори со Бугарија и Грција.
-Ние укажавме поимот Македонија и македонско значи една работа во Грција врзана е со хеленската историја, цивилизација итн. А, значи сосема друга работа во нашата Македонија сега Република Северна Македонија, нагласи Димитров.
Водителот му сугерираше дека преку преспанскиот договор практично ние како држава се имаме откажано од античката историја.
Димитров одговори дека и таму имаме исто комисии кои што разговараат. Започнаа веќе имаа една сесија, скоро ќе биде и втората сесија на комисијата. Тој како граѓанин мисли дека беше голема грешка со што Македонците ја бранеа античката историја. Според него тоа беше одбрана на идентитетот на погрешен начин со што се уриваше идентитетот. Тоа било лоша проекција.
Идентитетот значи автентичност, ние како треба да се гордееме со автентичност со тоа кои сме ние. А, „Скопје 2014“ беше една авантура што не беше добра.