Актуелно 25.02.2019 15:58

Земјоделство, санкции за манипулации при земањето субвенции

Земјоделство, санкции за манипулации при земањето субвенции

Земјоделците кои се обидуваат да го изиграат законот и правилата за добивање субвенции од државата, влегуваат во ризик да бидат санкционирани со една или неколку годишни забрани за добивање државна помош.

Надлежните велат дека најголемиот дел од злоупотребите се случуваа заради недоволна информираност и едукација, а некогаш и недоволна помош при пополнувањето на апликациите. Законот дозволува можност за санкционирање на сите кои имаат отстапки од дозволените 20, односно 30 отсто од пријавените и декларираните капацитети во зависност дали се работи за сточарско или растително производство.

„Ако некој има декларирано 100 крави, а на лице место му недостасуваат или кога контролата ќе оди кај него и ќе врши контрола на ушните маркици и ако недостасуваат 40 крави, тогаш тој влегува во санкција“, рече Николче Бабовски директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.