Додека ВМРО-ДПМНЕ ја водеше државата името не се смени, немаше обезличување, имаше Македонска опера и балет не Национална опера и балет.
-Мора да се види што се прави од другата страна. Сите национални порази се поврзани со СДСМ. И тоа ќе им тежи. Прва промена на име, знаме, територијална поделба, криминална приватизација…и на ова нема крај, рече Николоски.
Ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ кога ќе дојде на власт ќе има сосема нови практики.
-Има пракси кои се лоши, но има и кои се добри, посочи Николоски