Зоран Заев по втор пат ги наруши односите на Република Македонија со Израел. Заев ја посрамоти државата и го нарече најгрозоморниот настан во историјата на човештвото – Холокаустот – еврејска традиција, ова денеска преку соопштение го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
-Власта не успеа да го сокрие срамот. Медиумите од целиот регион експресно ја пренесоа веста и Република Македонија повторно беше најактуелна тема, но за потсмев и срам. Заев по втор пат ги наруши односите она Израел и ги навреди евреите, откако уште во 2015 година се фалеше дека остварил средба со израелскиот вицепремиер, Шалом и разговарал за безбедносно финансиски прашања, па веднаш после тоа беше експресно демантиран. Заев е човек кој ја руши репутацијата на Република Македонија кога и каде стигне, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека Зоран Заев ги нарушува односите со нашите стратешки партнери и го загрозува угледот на земјата.
-Зоран Заев и СДСМ мора да си заминат. Потребно е масовно излегување на претстојните претседателски и гласање за Гордана Силјановска Давкова, што ќе биде главна причина за распишување на предвремени парламентарни избори и крај на владата на Зоран Заев и СДСМ, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.