Актуелно 13.03.2019 13:06

Македонец во Австралија ја убил сопругата и ја фрлил во грмушки

Македонец во Австралија ја убил сопругата и ја фрлил во грмушки

Австралиските власти го осудија Македонецот Борче Ристевски за убиство на неговата сопруга Карен пред две години. Тој се изјасни за виновен, и сега пресудата треба да ја потврди Врховниот суд.

Се уште не се знаат мотивите за убиството но се претпоставува дека причина е лошата финансиска состојба во која западнал Борче. Карен пак имала дуќан за гардероба, објави „9news.com.au“.

По убиството Борче го зел телото со себе во автомобилот и го исклучил сигналот на мобилниот телефон. Го фрлил во грмушки во близина на парк каде се собрале Македонци и го затскрил со лисја.

Полицијата го нашла телото неколку месеци претрага која опфаќала дури и шахтите во околниот кварт.