Живот 20.08.2018 18:11

Колку пари троши Македонец за одмор ?

Колку пари троши Македонец за одмор ?

20 евра дневно троши еден Македонец за годишен одмор што укажува дека не заостануваме многу зад соседите од регионот.

Податоците на Евростат покажуваат дека европските граѓани на туристички патувања трошат безмалку 428 милијарди евра годишно.

Најмногу пари за одмор по жител, трошат граѓаните на Луксембург, Малта и Австрија додека најмалку пари за одмор од семејниот буџет одвојуваат Литванците, само 107 евра, потоа Романците 125 евра и граѓаните на Чешка 129 евра.

Грците и Хрватите трошат повеќе пари за годишен одмор од Македонците додека помалку трошат Словенците (213 евра) и Бугарите (157 евра) .