Актуелно 15.03.2019 10:13

ВМРО-ДПМНЕ: Извештајот на Стејт Департментот е доказ за политичкиот прогон, правосудството на Заев денес ќе изврши политички процес

ВМРО-ДПМНЕ: Извештајот на Стејт Департментот е доказ за политичкиот прогон, правосудството на Заев денес ќе изврши политички процес

Република Македонија е држава со ограничена независност на судството, констатираше Стејт Департментот. Условите во затворите и притворите се сурови, нехумани и деградирачки, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Извештајот на Стејт Департментот е доказ за политичкиот прогон во земјава. Притворањето на  Митко Чавков со лажна службена белешка и измислени обвинувања, два дена пред изрекување на пресудата е преседан за правото. Притворањето и начинот на шиканирање во притвор на голем број граѓани е политички притисок. Кацарска судството и Русковска обвинителството е симбол на заробено правосудство, кое е само алатка на власта за извршување на политички нарачки, се наведува во партиското соопштение.

Пред пресудата за 27-ми април, од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека денеска правосудството на Заев ќе изврши политички процес.

-Правосудството ќе  ја изврши политичката нарачка. Република Македонија има потреба од функционална правна држава, за тоа е потребно победа на претседателските избори на Гордана Силјановска Давкова, што ќе биде причина за распишување на предвремени парламентарни избори за победа над СДСМ, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.