Пендаровски исто како и Зоран Заев лаже и манипулира со младите во Македонија. Реалноста е дека младите се најголемата жртва на СДСМ кои се власт цели две години а немаат мрднато со прст за нив. Пендаровски заедно со СДСМ на младите им ветуваа брда и долини, намалување на младинската невработеност и враќање на младите во земјава. Откако дојдоа на власт ништо од тоа не е сторено, напротив се е полошо, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Стево Пендаровски од каде додаваат:
„Ветувањето за вработување, дообучување или практикантство за сите млади по завршување на образованието се претвори во обична лага. Светска банка потврди дека за 2018 година, од сите земји од регионот само Македонија има зголемување на невработеноста кај младите која достигна бројка од високи 47,6%. Светска банка исто така потврдува дека откако е СДСМ на власт расте сиромаштијата кај младите. Според нивниот извештај 24 – 26% од младите живеат на прагот на сиромаштијата што значи дека како резултат на владеењето на СДСМ над 140.000 млади едвај врзуваат крај со крај.“
-Додека пак ветувањето за враќање на младите во земјава се докажа дека е уште една лага во низата. Во изминативе две години бројката на иселување на младите од ден на ден се повеќе се зголемува. СДСМ ги остави младите без перспектива, и тие се наоѓаат на работ на општеството. СДСМ докажаа дека воопшто не се заинтересирани за подобрување на животниот стандард на младите луѓе во Република Македонија. Пендаровски како копија на неговиот партиски шеф Зоран Заев може на младите да им донесе само поголеми лаги и поголема беда. Токму затоа на 21 април ќе ги стигне казната од младите кога ќе бидат жестоко поразени, се потенцира во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.