Најбогатите 10% од финските домаќинства го зголемиле својот удел од вкупното богатство на домаќинствата во земјата.
Оваа недела стана јасно дека најбогатите 10% од домаќинствата во Финска поседувале 46.8% од нето богатство во земјата во 2016-та година, што претставува зголемување за 6,4 процентни поени, во споредба со 1993-та година, и со 1,6 проценнти поени, во споредба со 2013-та година.
Останатите домаќинства забележаа пад на нивниот удел во вкупното богатство од 1993-та година.
Уделот на најсиромашните 50% од домаќинствата се намалува од 6,9% во 1993-та година, до 6,1% во 2016-та година. 40-те проценти од домаќинствата кои спаѓаат меѓу најбогатите 10% и најсиромашните 50%, забележаа пад меѓу 1,5 и 1,8 процентни поени во својот удел од вкупното богатство за периодот 1993-2016-та година.
Нето богатство на едно домаќинство се пресметува со обврските кои ќе се извадат од вкупната вредност на средствата.
Според „Statistics Finland“, најчести средства на домаќинствата во земјата се депозити, транспортна опрема, домови и акции. Повеќе од половина од домаќинствата (58%) имаат обврски, а кај речиси една петтина од овие домаќинства (18%) тие изнесуваат најмалку 300% од годишниот доход.
Домаќинствата со однос долг/приходи од над 300% биле само неколку проценти од домаќинствата со обврски кон крајот на 90-тите години.
Т.н. средно богатство на домаќинствата во Финска во 2016-та година изнесува 107.200 евра, додека просечно богатство е 206.600 евра поради концентрацијата на богатството кај најбогатите 10%.
Една четвртина од домаќинствата во земјата располагале со нето богатство во износ од над 260.900 евра, а друга четвртина со под 10.700 евра.
Луѓето на возраст меѓу 64 и 74 година биле најбогати, а претставниците на возрасните групи 16 – 24 и 25 – 34 година се најсиромашни во Финска во 2016-та годин