Актуелно 27.03.2019 11:20

Од ветувања за добро јавно здравство до закани за клуч на врата

Од ветувања за добро јавно здравство до закани за клуч на врата

Од ветувања за квалитетно јавно здравство по кројот на европското, до најави за клуч на врата за државни болници што не се доволно конкурентни со приватните.

Владините планови за подобрување на здравствените услуги се менуваат.

Во „Планот на живот“ стои: 

„Ќе овозможиме квалитетно јавно здравство достапно за сите, во кое што ќе работат стручни и квалитетни лекари. Ќе воведеме бесплатно болничко лекување за сите граѓани. Јавното здравство ќе обезбедува квалитетни и лесно достапни услуги, а граѓаните немаат потреба да плаќаат медицински интервенции во приватни болници“.

Во „планот“ има наведено и користење на ресурси на приватните болници, но доколку истите недостасуваат во државните.

Користење на ресурсите на приватните болници, за услуги кои во моментов ги нема во јавното здравство, преку склучување на договори.

Во меѓувреме плановите се променија.

Новите, веројатно значат клуч на врата за државните клиники чии квалитет на услуга нема да биде идентичен како во приватните болници. Намерно или случајно, предизборно се најави нов систем – фондот за здравствено осигурување кој се полни од пари на граѓаните, „ќе го цедат“ и приватните болници.

Алфа побара став за ова и од Министерството за здравство, но до почетокот на овие вести, одговор не добив.

Идејата на Заев не е прифатлива за дел од лекарите, кои велат дека, наместо да се одбере најлесната опција – приватизија, треба да се оптимизира јавното здравство.

Најавата за ново системско уредување на здравственото осигурување, отвара низа прашања и дилеми. Дали за ваквите планови не е потребен и приватен фонд за осигурување по примерите на европските земји? Колку од граѓаните ќе го користат јавното здравтсво доколку за исти пари би можеле да се лекуваат во приватните болници? … и дали би можела да се воспостави целосна државна контрола врз приватни фирми?

ИЗВОР: АЛФА

Најнови вести