Актуелно 22.06.2018 12:01

Германија добро заработува на Грција

Германија добро заработува на Грција

Германија заработи 2,9 милијарди евра од камати за парите што и ги даде на Грција во 2010 година, пренесува Дојче Веле.

Овие податоци ги презентираше германската влада во Бундестагот.

Како што е наведено, најмногу заработила од интервенцијата која ја наложи Европската Централна Банка, за т.н. програма “Securities markets”, на пазарот на државни обврзници.

Иако оваа мерка имаше за цел намалување на каматните стапки на земјите во криза, каматните стапки сепак беа големи, а Грција мораше да исплати вкупно 3,4 милијарди евра.

Во текот на 2013 и 2014 година, Германија заработи околу две и пол милијарди евра од камата, а уште 400 милиони заработи и Германската државна банка за реконструкција (KfW), која исто така позајми пари на Грција.

И покрај сите приказни, Германија има голема корист од кризата во Грција.

Во 2010 година, во време кога се јави сомневање дека Атина никогаш не ќе може да ги врати тие долгови и кога каматните стапки почнаа да се зголемуваат до небо, Европската унија и ММФ мораа да извршат притисок за да ја одржат ликвидноста на Грција.