Како одговор на кинеските планови опфатени со стратегијата ,,Произведено во Кина 2025 година“, според кои е предвидено Кина да стане светски лидер во 10 клучни сектори, САД подготвува реакција со која ќе се спречи купување на американски компании од страна на компании кои имаат кинески сопственици во структурата.Министерството за финансии на САД подготвува правила за спречување компании со најмалку 25 отсто кинеската сопственост да купуваат американски
компании во „индустриски значајни” технолошки области, објави Волстрит џурнал.
Според извори на весникот, Советот за национална безбедност и Министерството за трговија на САД, исто така, подготвуваат планови за „засилени” контроли за извоз за да се спречат
таквите технологии да одат во Кина.
Плановите се очекува да бидат објавени до крајот на оваа недела. Сепак, тие не се конечни и
индустријата ќе има можност да ги коментира пред да влезат во сила.