Професорот и член на раководството на партијата Левица, Димитар Апасиев, вели дека професионални новинари добивале огромни хонорари за да ја убедат јавноста дека промената на името е позитивно за земјава и иднината на граѓаните.
-Дознав дека дел од „професионалните” новинари, кои ве убедуваат да си го смените името, зимаат по околу 3.000 ЕУР хонорар месечно. А вие ринтајте за 200 ЕУР плата и гласајте на референдум за да има цензус. Или, шо би рекол министеров за надворешни: “Win-Win ситуација”, пишува Апасиев, а пренесува опсервер.мк.