Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија истакна дека нема никогаш да прави компромиси со неговите принципи, нема никаков договор со Заев и тој треба да падне од власт.
Претседателот на BМРО-ДПМНЕ коментирајќи ја изјавата на Мисовски за консензус околу ратификацијата и референдумот за договорот со Грција, објасни дека нема компромис.
– Таков тип на декларативно умилкување не само што не одговара на актуелната политичка ситуација во државата туку е и без предметно во овој момент. Ние имаме свршен чин, а тоа значи дека некој ја предаде Република Македонија и државните и националните интереси на Република Македонија, нашиот став е принципиелен, вели тој.
Мицкоски додаде дека притоа биле прекрши сите правила односно процедури во Собранието, законите и уставот, тој појасни ние нема да учествуваат и нема да бидат учесници во ратификацијата на ова капитулантско дело како ВМРО-ДПМНЕ.
– Инаку ова што поедини припадници на парламентарното мнозинство се обидуваат на непринципиелно да се умилкуваат и вака декларативно на јавноста да и соопштуваат, е тотално спротивно од вистинското однесување во пракса во рамките на Парламентот, но и во суштина ако ја погледнете актуелната состојба во државата .Навистина не можам да го разберам ваквото однесување ниту пак можам да го оправдам, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ коментирајќи го однесувањето на власта.
Мицкоски кажа дека ВМРО-ДПМНЕ останува во Парламентот за сите останати точки кои што ќе бидат на дневен ред, и жестоко ќе се спротивстават сите погрешни политики, бидејќи како што додава, Парламентот е есенцијата каде што се бранат интересите на граѓаните и бирачите кои застанале зад политиките на ВМРО-ДПМНЕ.
-ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува и да биде соучесник во ратификација на ова капитулантско дело, дециден e Мицкоски.
Во однос на својата претходно дадена изјава надојден Вардар, дополни дека политиките кои што ги води партијата се принципиелни, чесни и искрени и од таа траекторија нема да се отстапи ниту милиметар.
-Никогаш ниту во минатото ниту сега нема да правиме компромиси во однос на нашите принципи, врз основа на тие принципи ќе ја темелиме и нашата програма, појасни Мицкоски.