Со просечна годишна стапка на раст од 5 отсто во текот на последната деценија и половина, Ердоган може да се пофали дека на милиони им има овозможено подобар живот. Но, се повеќе аналитичари предупредуваат дека тој успех е на стаклени нозе бидејќи економскиот раст е потхрануван со големи државни инвестиции и ефтини пари.
Голем дел од растот на турскиот БДП се должи на јавните инвестиции од гигантски размери и големи проекти скоро во секој град. Последно што Ердоган најави во предизборната кампања беше изградба на Истанбулски канал за кој рече дека ќе влезе во учебниците по историја и го спореди со Суецкиот и Панамскиот канал. Каналот би требало да биде 45 километри долг и да поврзува дел од Црното море со Мраморно море. Тврди дека ќе чини 15 милијарди долари, додека критичарите велат дека не може да чини помалку од 65 милијарди, вклучувајчи ги и трошоците за преселба на 800.000 луѓе.
Ердоган за идејата на изградба на тој канал првпат ја изнесе пред 7 години. Тој верува дека Турција би заработувала од бродовите кои ќе го користат овој канал, како што Египет заработува од Суецкиот канал. Економистите не се сложуваат, археолозите се згрозени од мислата дека вредни наоѓалишта ќе се уништат, екологистите предупредуваат дека градењето на мегаканал ќе го уништи екосистемот до таа мерка што во Истанбул животот ќе стане неиздржлив. Сите мегапроекти на Ердоган се смислени со цел да го сместат во пантеонот на големите турски владетели од времето на Отоманското царство, коментираат медиумите.
Како и Хрватска и Шанија пред кризата, градежниот сектор цвета. Она што е позитивно е тоа што мегаградежните проекти го поттикнуваат растот и ја зголемуваат вработеноста, особено кај необразуваната работна сила. Критичарите, спека, предупредуваат дека тој систем на раст е идеален за корупција и богатење на кругови блиски до власта и дека прв се руши кога наоидува криза.