Знам дека чувствувате несигурност, гледате како пополека ви се одзема животот по кој сте копнееле и ви се руши сонот кој сте го сонувале од млади нозе, им се обрати на присутните граѓани на протестниот марш во Струмица, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
-На седенките во раните години, во размислите и мечтите за вашата иднина во безгрижното креирање на сликата за тоа што сте сакале да бидете вие и вашето семејство, овде во нашата земја и никогаш не сте помислиле дека може да се отиде до оваа граница, која не само што е помината, туку е целосно срушена, до ваков период на порази и удари, на личен план, на политички и општествен, напад врз достоинството и честа, до гола борба за живот на дневна основа, затоа што живот нема, нема живот без достоинство, без чест, со празен паричник, со наталожени сметки за струја, вода, на кои несакате да мислите затоа што таа помисла ви создава јад и несигурност, нагласи Мицкоски.
Тој посочи дека наспроти розевата слика која секојдневно ја потхрануваат луѓето од власта, која освен во убавите зборови, во лажната еуфорија слеана помеѓу неколку вештачки насмевки на луѓето од власта никаде ја нема.