Актуелно 17.07.2018 13:33

Василевска: Зоран Заев ниту програмски дојде да го менува името ниту имал мандат за тоа

Василевска: Зоран Заев ниту програмски дојде да го менува името ниту имал мандат за тоа

Во гостувањето во емисијата „Само вистина“ членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска вели дека граѓаните треба да престанат да се плашат и да се ослободат од стравот.  Таа додаде дека сите не чека тешка битка со непринципиелен противник и исто така со последните сили ќе се бори за вистината. Василевска вели дека ВМРО-ДПМНЕ во секој момент е подготвено на политички мегдан но претходно во Македонија треба да се дозволат условите кои беа добиени во 2016-та година.

-Македонија има неколку позитивни препораки од Европската комисија и овој пат ја доби благодарение со поддршката на ВМРО-ДПМНе околку рефомрските закони. Тоа го направивме со цел иако се случија многу лоши работи мора да продолжиме понатаму да се дојде до еден нормален тек. Покажавме транспаретнот и спремност да ги услогласиме и направиме суштинските работи, рече Василевска.

Во врска со законите кои треба да се донесат а се однесуваат на финансирањето на политичките партии и околу организирањето на Владата Василевска вели дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ е многу јасен и повторен неколку пати

-Овде се случува голема небулоза. Зоран Заев ниту програмски дојде да го менува името ниту имал мандат за тоа. Не е само тоа дали ќе ни го сменат уставното име. Овде е шанса и да се протне и законот за албанскиот јазик. Законот за финансирање на партиите ќе ги ослободи партиите од било какви влијаниа и ќе ја расчисти ситуацијата еднаш за секогаш. Во врска со законот за влада е инстититуционализирање како во во 2016-та година, вели Василевска.

Василевска за крај додаде дека за неа успех ќе бидеме ако се спаси Република Македонија  од сето ова што и се случва во овој момент. За неа е неспорно дека Македонските граѓани ја сакаат и ЕУ и НАТО. За неа тажно е дека во Македонија во сите овие години не се изгради национален консензус.

Најнови вести