Во наредните денови во поголемиот дел од земјава ќе преовладува стабилно и суво време, до петок ќе биде ветровито со засилен северен ветер. Локално се уште ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.
В сабота времето ќе биде сончево и значително потопло, а од недела попладне и во наредните денови повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.