Финансии 18.11.2024 12:48

Станковиќ: Земјоделството со историска поддршка со новиот буџет

Станковиќ: Земјоделството со историска поддршка со новиот буџет

Новиот државен буџет за 2025 година ќе ни донесе енергија и напредок во сите сектори на општеството, но особено за столбот на нашата економија – земјоделството, изјави Малиша Станковиќ, пратеник на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

„Со гордост можам да кажам дека земјоделството ќе добие историска поддршка. За првпат, буџетот за земјоделство се зголемува за цели 13 отсто, а издвоените средства за програмата за земјоделство и рурален развој се зголемени за неверојатни 284 проценти! Дополнително, капиталните инвестиции се зголемуваат за 102 отсто“, изјави Станковиќ.

Како што додаде, ова е цврст доказ за посветеноста и партнерството на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со земјоделецот.