Актуелно 24.04.2018 12:31

Телевизија Алфа има нов директор

Телевизија Алфа има нов директор

 

Васко Ефтов е нов директор на националната телевизија Алфа на местото на Љубомир Николовски.

Извесен Петер Шац од Будимпешта минатото лето стана еден од сопствениците на македонската телевизија со национална концесија, Алфа ТВ.Покрај Унгарецот, во 2017 во сопствеништвото на телевизијата влезе и релативно непознатиот Горан Балаќ од Земун, Србија. Двајцата заедно го имаат најголемиот удел во телевизијата, во која како дел од сопственичката структура се јавуваат уште неколку фирми. Алфа ТВ почна да емитува програма во 2008 година. Мнозински сопственик во тоа време беше бизнисменот Штерјо Наков преку компанијата „Фершпед“, меѓутоа во септември 2013 година српскиот бизнисмен Веселин Јевросимовиќ преку својата македонска компанија „ЦХС Инвест груп“ откупи 56 проценти од акциите на телевизијата.