Подигнувањето на животниот стандард е клучниот приоритет на Владата, вели министерот Драган Тевдовски. Но, што велат бројките, тие се поразителни, 460 илјади Македонци се сиромашни или 22,2 проценти од граѓаните, покажува официјалната државна статистика. Министерот за финансии, се пофали дека зголемувањето на минималната плата дава резултати, иако бројките го говорат спротивното.
Подигнувањето на животниот стандард за мнозинството граѓани, тоа е клучен приоритет. Прво, после преземањето на власта беше зголемување на минималната плата. Зошто? Бидејќи мнозинството на граѓани во Македонија живеат од својот труд. Може да видите дека тоа подигнување даде резултати, изјави Тевдовски.
Стапката на сиромаштија има нагорен тренд во последните три години, бројките за 2017-та се за 0.3 проценти поголеми од оние во 2016-та, односно 0.7 проценти поголеми од оние во 2015-та година.
Помош од институциите нема, еден од граѓаните во анкета на Алфа телевизија вели дека спасот го гледа во контејнерот, од каде што наоѓа храна.
Она што навистина загрижува е што голем е процентот на оние кои се вработени, а живеат во сиромаштија, нив ги има девет проценти, 38,7 се невработени, а во сиромашнитија живеат и 7.7 проценти од пензионерите.
Во програмата „Живот за сите“, која СДСМ ја имаше пред парламентарните избори во 2016-та година, тие ветуваа намалување на сиромаштијата под 16 проценти, но моменталните бројки, а нивниот нагорен тренд, не покажуваат дека до такво нешто може да дојде.