Актуелно 11.12.2024 11:25

Владата има решение за економијата: Лошите економски политики на Владата на СДС и ДУИ ја доведоа Македонија на раб на банкрот

Владата има решение за економијата: Лошите економски политики на Владата на СДС и ДУИ ја доведоа Македонија на раб на банкрот

Лошите економски политики на Владата на СДС и ДУИ, ја доведоа Македонија на раб на банкрот, Владата на ВМРО-ДПМНЕ има решение за економијата, неведуваат во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

„Власта на СДС и ДУИ ја завршија 2023 година со инфлација од 9,4%, додека за само 6 месеци власт, Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја намали инфлацијата од 3,5%, а за 2025 година се очекува инфлацијата да биде 2,5%.

Власта на СДС и ДУИ размислуваа само за тендери, корупција и криминал во нивниот мандат. Тие немаат право да зборуваат за економијата, бидејќи не беа способни ниту плати да испорачаат во повеќе државни институции.

Тоа се докажа и со последната одлука на САД, каде што премиерот во сенка на Владата на СДС и ДУИ, Артан Груби беше ставен на црната листа за значителна корупција“, потенцираат во соопштението.

Но, затоа, Владата на ВМРО-ДПМНЕ има решение. Се зголемуваат платите во повеќе сектори, се намалуваат цените преку економските кошнички што ги прави Владата, раст на БДП од 3%, се намалува инфлацијата, се носат странски директни инвестиции во вредност од скоро милијарда евра, се отвораат нови работни места и не се покачуваат платите на функционерите, додадо од партијата.

Нема веќе „како до сега“. Веќе 6 месеци се работи на подобрување на животниот стандард на граѓаните и секако дека уште повеќе ќе се залагаме за олеснување на животот на граѓаните, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.