Актуелно 11.12.2024 14:12

Средба на министерот Муцунски со амбасадорот на Република Словенија

Средба на министерот Муцунски со амбасадорот на Република Словенија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер.

На средбата, беа потврдени одличните билатерални односи и успешната соработка, заснована на меѓусебна поддршка и почитување, за што, меѓудругото, потврда се и средбите на високо ниво во изминатиот период.

Соговорниците се осврнаа и на актуелните состојби,  како во двете земји, така и во регионот, со посебен фокус врз процесот на интеграција на нашата земја во Европската Унија.

Министерот Муцунски упати благодарност за досегашната силна и отворена поддршка на Република Словенија во овој процес, пренесувајќи ги очекувањата дека истата ќе продолжи и во наредниот период.

Двете страни се согласија  дека Република Словенија останува исклучително важен партнер за развивањето на капацитетите за остварување на нашите надворешно-политички приоритети, како и за спроведувањето на реформите, преку споделување на нивните искуства.

Најнови вести