Живот 16.12.2024 08:51

Цената на биткоинот постави нов рекорд

Цената на биткоинот постави нов рекорд

Цената на биткоинот достигна нов историски максимум во раното тргување во понеделникот, надминувајќи во еден момент 105 илјади долари, покажуваат податоците на платформата Binance.

Ноќта кон понеделникот криптовалутата надмина вредност 105 илјади долари, беше во плус од 3,25 отсто и ги достигна максималните 105,2 илјади долари.

На берзата Binance, најголемата берза за криптовалути по волумен, веќе по десетина минути Биткоинот имаше вредност од 104.751 долари.

Според порталот CoinMarketCap, кој ја пресметува просечната цена за повеќе од 20 размени, цената на Биткоин пораснала за 3,29 отсто, во просек до 104.693 долари.

Биткоинот првпат на 5-ти декември се искачи над 100.000 долари, што се припишува на изборот на републиканецот Доналд Трамп за претседател на САД што ги поттикна очекувањата дека неговата администрација ќе создаде попријатна регулаторна средина за криптовалутите.

Биткоинот оваа година се зголеми во вредност за повеќе од двојно и порасна за околу 45 отсто во четирите седмици од убедливата изборна победа на Трамп.