Мозаик 25.07.2018 20:50

Google обвинет дека намерно ја забавува работата на YouTube во Mozilla Firefox и Microsoft Edge

Google обвинет дека намерно ја забавува работата на YouTube во Mozilla Firefox и Microsoft Edge

Претходно оваа година, Google го претстави новиот дизајн на YouTube, а исто така потврди дека услугата сега ќе ја користи Polymer – онлајн библиотека во сопственост на компанијата. Ова ќе го „олесни и забрза развојот на идните надградби“ за најпопуларната видео платформа на Интернет. Излегува дека ситуацијата е малку поинаква од почетните тврдења на Google, бидејќи влијае на ефикасноста на YouTube кога се користи од алтернативни веб прелистувачи, објави „Neowin“.

Mozilla вели дека префрлањето на новата системска рамка и библиотеката Polymer довеле до забавување на брзината на YouTube во Mozilla Firefox и Microsoft Edge. Мислењето на техничкиот менаџер на компанијата, Крис Пестересон, вели дека со оваа одлука, Google го забавил вчитувањето содржини на YouTube за двата конкурентни веб прелистувачи за пет пати. Причината е дека Polymer користи Shadow DOM v0 АРI, кој е достапен само за Google Chrome.

Ова значи дека програмерите на Mozilla и Microsoft не можат да ги оптимизираат Firefox и Edge за новиот дизајн на YouTube. Тест сериите на Крис Петерсон покажуваат дека за една секунда треба да се вчита одредено видео во Google Chrome, но другите прелистувачи мора да чекаат пет секунди. Засега ова ограничување може да се надмине со користење на надворешни екстензии и приклучоци. Како заклучок, ќе забележиме дека Google е информиран за обвиненијата, но сé уште не ги коментирал.

Најнови вести