Актуелно 25.12.2024 11:32

Градоначалникот на Ѓорче Петров: Будно ги следиме условите на терен и навремено реагираме

Градоначалникот на Ѓорче Петров: Будно ги следиме условите на терен и навремено реагираме

Екипите на Општина Ѓорче Петров од раните утрински часови се активно ангажирани за расчистување на патиштата кон Кучково и Грачани. Со брза и навремена реакција, надлежните служби се грижат за безбедноста и непреченото движење на граѓаните, извести општината.

Градоначалникот Александар Стојкоски истакна дека безбедноста и удобноста на жителите се врвен приоритет за општината и дека службите остануваат на терен сè додека целосно не се обезбеди нормално функционирање на сообраќајот.

„Будно ги следиме условите на терен и навремено реагираме на секоја состојба. Благодарност до сите граѓани за трпеливоста и разбирањето“, порача градоначалникот Стојкоски.

Општина Ѓорче Петров останува посветена на континуирано унапредување на условите за живот и создавање сигурна инфраструктура за своите граѓани, додаваат од општината.