Живот 26.12.2024 13:56

Светската банка ја зголеми прогнозата за економскиот раст на Кина во 2024 година на 4,9 отсто

Светската банка ја зголеми прогнозата за економскиот раст на Кина во 2024 година на 4,9 отсто

Светската банка денеска ја зголеми својата прогноза за економскиот раст на Кина на 4,9 отсто во 2024 година и 4,5 отсто во 2025 година, но предупреди дека пониската доверба на домаќинствата и бизнисите, заедно со тешкотиите во секторот на недвижности, ќе продолжат да претставуваат проблем за економијата.

Во претходната јунска прогноза, Светска банка очекуваше кинеската економија да порасне за 4,8 отсто во 2024 година и за 4,1 отсто во 2025 година, но сега ја ревидираше проценката поради силата на кинескиот извоз и неодамнешните мерки на владата во Пекинг за стимулираат потрошувачка, пренесува CNN.

-Справувањето со предизвиците во секторот за имот, зајакнувањето на мрежите за социјална заштита и подобрувањето на финансиите на локалната самоуправа ќе биде од суштинско значење за одржливо закрепнување, рече директорката на Светската банка за Кина, Мара Ворвик.

Според неа, властите во Пекинг треба да ја урамнотежат краткорочната поддршка за економскиот раст со долгорочните структурни реформи.

Официјалната цел на Кина за оваа година е економски раст од „околу пет проценти“, а Владата во Пекинг е уверена дека тој ќе биде остварен.

Најнови вести