ЈСП Скопје информира дека линијата број 25 која сообраќа од Транспортен центар до Средно Водно ќе има измена во возниот ред.
Според измените, терминот за поаѓање на автобусот предвиден во 8 часот, се менува, односно поаѓањето ќе се реализира во 7.30 часот и ќе важи за време на викендите и државните празници.
Измената во поаѓањето е по барање на планинарите и поради високите температури во летниот период. Таа ќе започне да се применува од претстојниов викенд. Останатите поаѓања се реализираат според важечкиот утврден возен ред.
Од ЈСП потсетуваат дека во викендите и за време на државните празници, возењето со автобусот на линијата 25 е бесплатно за сите граѓани, а истото важи и за сродните лини 25А и 25Б, кои сообраќаат до Средно Водно, а тргнуваат од Стара железничка станица, односно од Дом на печат.
Истото се однесува и за линијата 28 која вози од Транспортен центар до Нерези (Македонско село).
Бесплатниот превоз се воведе по предлог на голем број граѓани, a истовремено доби поддршка и од Град Скопје и ЈСП Скопје пред сѐ од еколошки аспект со цел да се контролира и регулира движењето до Средно Водно.
Исто така ЈСП информира и дека од денеска (27.07.2018 година), автобуската постојка кај џамијата Јаја-паша кон Бутел е поместена за стотина метри после пешачкиот надвозник, односно стојалиштето сега е пред ОУ „Лирија“.
Поместувањето на постојката е поради безбедносни причини. На претходната локација, поради голема фрекфенција на луѓе и возила, често се случуваа незгоди.