Премиерот Христијан Мицкоски и министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска го посетија студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу” во Скопје за да извршат увид во активности за енергетски ефикасна рехабилитација на објектот. Мицкоски одговараше на новинарски прашања во врска со реконструкција на спортските сали во склоп на училиштата, кои се од голема важност за младите.
-Во мементот е при крај тендерската постапка за реконструкција на 15-на училишни сали, во 14 општини од сите региони. Ценам дека со завршување на оваа постапка, дополнително ќе се додаде вредност и на квалитет во рамките на овој процес кај нас во Македонија, изјави Мицкоски.