Финансии 14.08.2025 09:47

„Обезбедени 170 милиони денари субвенции за инвертер клими за ранливите категории, Владата води грижа за секој еден граѓанин“

„Обезбедени 170 милиони денари субвенции за инвертер клими за ранливите категории, Владата води грижа за секој еден граѓанин“

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува и докажува вистинска грижа за сите категории на граѓани. Таа грижа посебно се истакнува кај граѓаните од ранливите категории. Секој македонски граѓанин заслужува еднаков третман од државата и покомотни и достоинствени услови за живеење, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Врз основа на Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година, објавен е оглас за поддршка на домаќинства кои спаѓаат во категоријата ранливи потрошувачи на енергија. Огласот предвидува субвенции за инвертер клима уреди за граѓани од ранливи категории кој ќе трае 60 дена и за таа цел од Владата се обезбедени 170 милиони денари. Станува збор за клима уреди од класата А+ со инсталирана моќност од 3,5 киловати, кој ќе биде вграден директно во домот. Нема веќе принцип „прв дојден-прв услужен“, клима уредите ќе се набавуваат преку јавна и транспарентна тендерска постапка и истите ќе се поделат според месечните приходи на домаќинствата, од најниски до највисоки се до исцрпување на средствата, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа е гаранција дека уредите ќе ги добијат оние на кои им се најнеопходни и на овој начин ќе се придонесеме семејствата од ранливите категории да имаат поголем комфор во својот дом како во летото, така и во зимата.

А, од друга страна, со оваа мерка се интервенира и во делот на заштитата на животната средина и намалување на загадувањето, посебно во периодот на грејната сезона кога граѓаните ги затоплуваат своите домови.

Освен субвенциите за инвертер клими, за ранливите категории Владата обезбеди и финансиска поддршка за потрошена електрична енергија“, се наведува во соопштението.