Актуелно 16.09.2025 12:31

Мицкоски: Низата на параметри покажуваат дека конечно започнуваме да се развиваме, а на некои центри на моќ тоа не им одговара и затоа го прават тоа што го прават изминатите денови

Мицкоски: Низата на параметри покажуваат дека конечно започнуваме да се развиваме, а на некои центри на моќ тоа не им одговара и затоа го прават тоа што го прават изминатите денови

Запрашан во однос на извештајот кој што го објави ДЗС за зголемениот промет на услуги, премиерот Христијан Мицкоски рече дека токму тие параметри и индикатори покажуваат дека конечно почуваме да се развиваме.

-Тоа е уште еден од низата параметри, индикатори кои што велат дека конечно започнуваме да се развиваме и тоа е причината, сите оние центри на моќ кои што не им одговара Македонија да биде повторно водечка во економијата, во мирот во стабилноста, во меѓуетничките и во регионот да предизвикуваат, да го прават тоа што го прават изминативе денови, изјави Мицкоски.

Во делот на услугите имаме пораст од 3.5% во вториот квартал, додаде премиерот

-Во вториот квартал имаме пораст во делот на услугите за 3.5%, но она што е за мене исклучително важно и охрабрувачки е што во првите седум месеци од јануари до јули во делот на туризмот имаме за 10%, за 10,5% повеќе туристи споредено со истиот период минатат година и очекувам та бројка до крајот на годината да биде и до 15%, што ќе биде најголем рас во Регионот, додаде Мицкоски и продолжи:

„Истовремено во првите 7 месеци бројот на странски туристи и гости кои што ја користат Македонија како место за одмор е зголемен за 15% споредено со истиот период минатата година и очекувам до крајот на годината да биде околу 25%. Сите овие индикатори ги загрижуват овие центри на моќ кои што не сакаат оваа Влада да успее, кои што не сакаат Македонија да биде стабилна, мирна, просперитетна и тие се обидуваат со ваков тип на лешинарење и подметнување на функционираат, но ние ќе се бориме и ќе победиме“.