Актуелно 05.11.2025 11:48

Мисајловски се сретна со новиот командант на КФОР во Косово: Македонија дава значаен придонес во зајакнувањето на регионалната стабилност и колективната безбедност во рамките на НАТО

Мисајловски се сретна со новиот командант на КФОР во Косово: Македонија дава значаен придонес во зајакнувањето на регионалната стабилност и колективната безбедност во рамките на НАТО

Министерот за одбрана на Република Македонија, Владо Мисајловски денеска оствари средба со новопоставениот командант на НАТО мисијата во Косово – КФОР, генерал-мајор Озкан Улуташ при што разговараа за придонесот на мисијата КФОР во одржувањето на мирот и стабилноста во целиот регион.

-Денеска остварив средба со новопоставениот командант на НАТО мисијата во Косово – КФОР, генерал-мајор Озкан Улуташ, на кого му посакав успех на новата позиција и мирна мисија, објави на социјалната мрежа на Фејсбук министерот Мисајловски.

На средбата разговаравме за придонесот на мисијата КФОР во одржувањето на мирот и стабилноста, не само во Косово, туку и во целиот регион.

Преку учеството на нашите припадници во мисијата КФОР, Македонија дава значаен придонес во зајакнувањето на регионалната стабилност, партнерството и колективната безбедност во рамките на НАТО.

Со заедничко и континуирано учество, остануваме посветени на мисијата што претставува симбол на безбедност, доверба и партнерство, пишува во својата објава Мисајловски.