Актуелно 04.02.2026 07:50

Мисајловски на отворањето на 3. меѓународен Самит за вештачка интелигенција во областа на одбраната REAIM во Шпанија

Мисајловски на отворањето на 3. меѓународен Самит за вештачка интелигенција во областа на одбраната REAIM во Шпанија

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, на покана на министерката за одбрана на Кралството Шпанија, Маргарита Роблес Фернандес, денеска и утре ќе присуствува на отворањето на третиот глобален меѓународен Самит за вештачка интелигенција во областа на одбраната – REAIM, кој оваа година се одржува во А Коруња, Шпанија.

Меѓународниот самит е во организација на министерствата за одбрана и за надворешни работи на Шпанија.

Како што информираат од Министерството за одбрана, за време на престојот во Шпанија предвидено е Мисајловски да оствари средба со министерката Фернандес со цел унапредување на билатералната одбранбена соработка.

REAIM е глобален меѓународен самит каде што високи претставници на држави, меѓународни организации, експерти од академската заедница, приватниот  сектор и граѓанското општество се состануваат за да разговараат како вештачката интелигенција (AI) да се развива и да се користи во воени цели на начин што ги поддржува меѓународниот мир и безбедноста.