Економија 18.02.2026 09:01

Конференција „Формализација на неформалната економија: Преку соработка до успех“ во организација на Владата и УНДП

Конференција „Формализација на неформалната економија: Преку соработка до успех“ во организација на Владата и УНДП

Годишна конференција на тема „Формализација на неформалната економија: Преку соработка до успех“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Владата, Организацијата за развој на Обединетите нации – УНДП, Меѓународната организација на трудот – МОТ и Економскиот факултет – Скопје.

На отворањето на конференцијата ќе се обратат премиерот Христијан Мицкоски, министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, деканот на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Мијалче Санта, националниот координатор на Меѓународната организација на трудот за Северна Македонија Емил Крстановски и постојаниот претставник на УНДП во земјава Армен Григоријан.

Во рамки на конференцијата ќе биде потпишана декларација за партнерство и акција „Заедничка посветеност за формализација на неформалната економија во Македонија“.

По потпишување на декларацијата се предвидени изјави за медиумите.