Мозаик 18.02.2026 09:13

Дневен хороскоп за 18 февруари: Не дозволувајте да ве поколеба нечија приказна

Дневен хороскоп за 18 февруари: Не дозволувајте да ве поколеба нечија приказна

Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 18 февруари, погледнете што ви предвидуваат ѕвездите за денеска.

Овен
Овни, ако сте доволно одговорни на работното место, не дозволувајте да ве поколеба нечија приказна. Постапувајте според вашата совест. Обидете се да ѝ бидете неодоливи за личноста која го привлекува вашето внимание во последно време. Осмислете интересна и романтична забава.

Бик
Бидете мудри и прифатете нечиј совет за да спречите дополнителни компликации во работата. Околината не ги разбира целосно вашите идеи. Некој не ги исполнува вашите емоционални очекувања, но вие ќе бидете толерантни и со разбирање кон личноста која ја користи вашата добра волја.

Близнаци
Ќе ве очекуваат голем број интересни средби. Направете сѐ што е потребно за да го искомбинирате убавото и удобното со практичното и корисното. Вашата сакана личност има големи барања, но вие ќе знаете како да ѝ ги исполните. Сѐ што ви треба е малку креативност и фантазија.

Рак
Ракови, денеска ќе се обидете да ѝ го привлечете вниманието на околината во насока која најмногу им одговара на вашите деловни интереси. На емотивно поле, вие ќе чувствувате голема вознемиреност. Вашиот партнер сѐ повеќе ве критикува за нешто што лесно може да го промените.

Лав
Иако сите знаат дека вие сте најпаметни во канцеларијата, денеска треба да си ги задржите ставовите за себе. Дајте им поддршка на колегите кои имаат помалку вештини од вас. Размислете на кој начин треба да го шармирате вашиот љубовен партнер. Во последно време бевте многу крути со саканата личност.

Девица
Не дозволувајте другите да ви наметнуваат непотребни обврски или да го нарушат вашиот вообичаен начин на работа. За време на средбата со саканата личност, вие лесно можете да го добиете она што го сакате, но тоа веќе не ви причинува задоволство. Бидете искрени со партнерот.

Вага
Ваги, понекогаш им оставате впечаток на колегите дека не сте во тек со деловните случувања и дека сте неинфорнирани за можностите. Но, само вие знаете дека тоа не е точно и искористете го во своја корист. Имате впечаток дека вашиот љубовен живот не е толку интересен – направете нешто во врска со тоа.

Скорпија
Новите деловни настани ќе ги нарушат вашите планови и концентрација. На крајот, вие ќе мора да прифатите компромис како решение. Понекогаш имате впечаток дека реалноста е поинаква од онаа која ви ја преставува партнерот. Ако мислите дека ве лаже, кажете му го тоа.

Стрелец
Денеска ќе се најдете во необична деловна ситуација. Многу од прашањата што ги имате засега ќе ви останат незадоволително одговорени. Не дозволувајте сомнежот кон вашата сакана личност или лошото расположение да преовладува во вас. Потребни ви се позитивни случувања.

Јарец
Јарци, обидете се да ги завршите започнатите работни обврски, само така ќе им докажете на завидливите колеги кои едвај чекаат да згрешите во работењето. Денеска можеби ќе се најдете среде непријатна распрација со саканата личност. Ќе имате различни ставови за многу важна тема.

Водолија
Нема потреба да се вклучувате во нова расправа за деловните цели. Едноставно, во канцеларијата секој има свое мислење за конкретната цел и нема да најдете решение. Не сакате утеха, но нечие однесување ве потсетува на однапред осмислена приказна во која некој ќе ви додели споредна улога.

Риби
Не ги преценувајте вашите лични можности во деловното работење, оставете им на колегите да одлучат за заедничките интереси на работното место. Во последно време, многу ви е важно да се смирите со саканата личност и да ги надминете сите конфликтни ситуации. Сѐ што треба е да бидете смирени.

Најнови вести од Хороскоп

астрологија

Ако сте родени под еден од овие хороскопски знаци, воздивнете со олеснување: Вашиот среќен период е пред самиот почеток

астрологија

Овие хороскопски знаци имаат две лица

астрологија

Ако не сакате да го предизвикате Огнениот коњ, ова денеска никако не правете го: Може да ги „избрка“ парите од домот

астрологија

Кинескиот хороскоп носи бран среќа за 3 знаци: Можностите за кои сонувале доаѓаат

астрологија

Пет хороскопски знаци ќе дадат отказ во 2026 година

астрологија

Дневен хороскоп за 17 февруари: Време е за длабок разговор со партнерот за да се решат недоразбирањата

астрологија

Хороскопски знаци кои ќе се откажат во 2026 година

астрологија

Соларна еклипса во Водолија на 17 февруари 2026: Што ги очекува хороскопските знаци?

Теми на денот

средба

Мицкоски – Варнс: Заедничка заложба за натамошно јакнење на односите меѓу Македонија и САД

зборот е збор

Ѓорѓиевски: Постигнат е договор, булеварот „Борис Трајковски“ конечно ќе се доврши

воведена е забрана

Поради излевање на Вардар пренасочен сообраќајот на патот Гостивар-Чегране, снег на Деве Баир, Делчево, Страцин и Пониква

Свет

Заврши првиот ден од преговорите меѓу Русија, САД и Украина

Македонија

Сиљановска-Давкова – Варнс: Американско-македонското стратешко партнерство и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста во време на безбедносни предизвици